ОПШТИ УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ВЕБ-СТРАНИЦАТА НА PUFIES®
ПРАВНИ ИНФОРМАЦИИ
Оваа веб-страница Ви е обезбедена од Фикосота ДОО, друштво со ограничена одговорност, регистрирано во Трговскиот регистар при Агенцијата за регистрација на Република Бугарија, со единствен матичен број на субјектот (ЕМБС) 837055835, со седиште и адреса на управување: Бугарија, град Шумен, Бул. „Мадара“ бр. 48
Термините „ние“, „нас“, „наш“ и „Фикосота“ се однесуваат на „Фикосота“ ООД
Со пристапување до или користење на оваа интернет-страница на кој било начин, Вие се согласувате да ги почитувате следниве Општи услови за употреба за интернет-страница на Pufies® („Општи услови“)[1]. Ве молиме, внимателно прочитајте ги Општите услови, бидејќи содржат информации за Вашите законски права и ограничувањата на тие права. Ако не се согласувате со овие услови, ве молиме, не користете ја оваа интернет-страница.
Поради тековните технички иновации и промените во правната рамка, потребни се спорадични (одвреме-навреме) промени во овие Општи услови. Затоа, бараме од корисникот да ги прочита овие Општи услови пред секоја посета на оваа интернет-страница и да ги има предвид сите промени.
[1] Оваа интернет-страница и нејзините информации не се наменети или одобрени за употреба во САД или од граѓани или жители на САД.
СООПШТЕНИЕ ЗА АВТОРСКИТЕ ПРАВА И ТРГОВСКИТЕ МАРКИ
Целокупната содржина на оваа интернет-страница (текстови, слики, звук и други материјали што се достапни на неа), вклучувајќи го и програмскиот код кој работи на оваа интернет-страница, се во сопственост на Фикосота. Дизајнот и изгледот на оваа интернет-страница се заштитени со авторски права, права на база на податоци, дизајн и друго, и не можат, ниту целосно, ниту делумно, да се копираат или репродуцираат. Сите права се задржани од Фикосота. Како содржината и дизајнот, така и структурата на интернет-страницата се заштитени со авторски права. За секоја репродукција на информации или податоци, а особено употреба на текстови или на делови од нив или на фотографии, потребна е претходна писмена согласност од Фикосота. Правата на дистрибуција и репродукција се резервирани од Фикосота. Сите трговски марки прикажани на оваа интернет-страница се во сопственост на или се користат со лиценца издадена од Фикосота. На никој начин не е дозволено превземање, копирање, модифицирање или користење трговски марки без претходна наша писмена согласност или согласност од трета страна која може да поседува права на трговските марки. Секоја неовластена употреба или злоупотреба на трговските марки е експлицитно забранета и претставува кршење на важечките закони.
СООПШТЕНИЕ ЗА ПРОИЗВОДИТЕ
Прикажувањето на кој било производ на веб-страницата не претставува понуда за продажба или испорака на тој производ.
Производите прикажани на оваа веб-страница се примери на производите произведувани од Фикосота. Фикосота не гарантира дека производот прикажан на оваа веб-страница е исто така достапен во Вашата земја или регион, ниту дека името, описот или спецификацијата на производот ќе бидат исти како оние посочени на веб-страницата.
СПОДЕЛУВАЊЕ НА СОДРЖИНА
На оваа веб-страница, ние може да вклучиме функции што Ви овозможуваат да споделувате содржина. Забележете дека со споделување на содржини преку оваа веб-страница, вашата содржина може да стане јавно достапна. Вие доделувате на Фикосота неексклузивни, преносни, бесплатни, без рок и неотповикливи права и лиценци ширум светот, без да Ви компензираме за употребата, репродукцијата, дистрибуцијата, адаптацијата, извлекувањето, пренесувањето, прикажувањето и презентацијата – јавно и поинаку – на оваа содржина. Правата за лиценца опишани погоре не завршуваат со прекинување на употребата на оваа веб-страница. За целата содржина што ја споделувате преку оваа веб-страница, Вие се изјаснувате и гарантирате дека ги имате сите права потребни за давање на посочените лиценци.
СОЗДАВАЊЕ ЛИНКОВИ КОН ОВАА ВЕБ-СТРАНИЦА
Може да создадете врска (хиперлинк) кон оваа веб-страница, но само со наша претходна писмена согласност за тоа и во согласност со упатствата што може да Ви ги дадеме на овој линк. Особено, можете да се поврзете само од веб-страница што е Ваша сопственост и може да се поврзете само со нашата почетна страница.
Можеме во секое време да побараме од вашата веб-страница да ја отстраните врската (хиперлинкот) кон оваа веб-страница, нашите трговски марки или логоа и може да преземеме какви било правни и фактички активности дозволени со закон за кои сметаме дека се соодветни против Вас. Во случај на нанесена штета или загуба, ќе нè обесштетите за каква било штета или загуба што сме ја претрпеле како резултат на поврзувањето со оваа веб-страница.
ОДРЕКУВАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТ ЗА ЛИНКОВИ КОН ВЕБ-СТРАНИЦИ НА ТРЕТИ ЛИЦА
Оваа веб-страница може да содржи хиперлинкови до веб-страници администрирани од трети лица, кои не се Фикосота. Овие хиперлинкови се дадени само за ваши информации. Ние не ги контролираме овие веб-страници и не сме одговорни за нивната содржина, нивната политика за доверливост или други практики и политики на овие веб-страници.
Нашето објавување на хиперлинкови до овие веб-страници не значи одобрување на материјалот содржан на овие веб-страници, ниту соработка со нивните администратори.
Фикосота не е одговорна за какво било нарушување на авторски права, права на трговска марка или нарушување на други права и лични права од индустриска сопственост и права на личност, извршени на веб-страница, достапна преку хиперлинк.
ОДРЕКУВАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТ
Фикосота ја објавува оваа веб-страница „ТАКВА КАКВА Е“, без никаква гаранција – експлицитна или претпоставена.
Секоја одговорност на Фикосота за штета што произлегува од пристап до или користење на оваа веб-страница – без оглед на правната причина, вклучително и неовластена штета – е ограничена на висината на штетите предизвикани намерно или преку груба небрежност.
Информациите, содржините или материјалите што се достапни преку оваа веб-страница можат да содржат неточности или грешки. Фикосота не гарантира точност, доверливост или целост на информациите и не носи одговорност за секакви грешки или други неточности поврзани со содржината или материјалите, објавени овде. Фикосота не презема одговорност за постојано ажурирање на изјавите содржани на оваа веб-страница.
Фикосота работи напорно за да ја одржува оваа веб-страница без вируси, но не можеме да гарантираме целосно отсуство на вируси. Затоа, препорачуваме да се обезбеди соодветна заштита од вируси (на пример, употреба на антивирусни програми) пред да преземете документи или податоци.
ДРУГИ ОДРЕДБИ
Доколку се утврди дека кој било дел од овие Општи Услови е неприменлив (неважечки), сите други делови од овие Општи Услови остануваат во сила.
Овие Услови ги регулираат нашите односи со Вас и го сочинуваат целиот наш договор со Вас.
На овие Општи Услови и содржината на оваа веб-страница се применуваат одредбите на бугарското право, при што судови во Република Бугарија имаат ексклузивна надлежност да ги разгледуваат и решаваат сите спорови во врска со овие Општи Услови.
Овие општи услови се донесени и влегуваат во сила на 27 септември 2019 година.
These General Terms and Conditions are adopted and come into force on 22.03.2021.

Каде да ги најдете нашите производи
Погледнете ги продавниците